Москва: Во Украина нема никаква борба против корупцијата

Од:

Јасно е што се случува во Украина, таму нема борба против корупцијата, дури ни привид на борба, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Нема вистинска, дури ни квази борба против корупцијата, таков процес никогаш не постоел и не постои“, рече таа.

Захарова истакна дека под притисок од Западот, во Украина се формирани одредени структури кои наводно требало да ја контролираат борбата против корупцијата.

„Зошто на Западот му требаше ова? Секако, не за Украина да се издигне како земја ослободена од корупција, не за да се победи оваа болест, туку за да се контролира протокот на пари од Западот што минуваат низ Украина“, рече претставникот на руското Министерство.

Кога Владимир Зеленски се обиде да го укине или некако да го промени, Западот веднаш стави до знаење кој е шефот во Украина.

„И еве Зеленски повторно печати закони, не заради украинскиот народ или за решавање проблеми, туку по наредба од Западот“, додаде таа.

Одлуката на режимот во Киев да ги ограничи овластувањата на антикорупциските институции предизвика незадоволство низ цела Украина, проследено со бројни протести низ целата земја, објави „Спутник“.

Потоа Зеленски потпиша нов закон со кој се потврдува независноста на овие институции.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Песков: Киев знае што е потребно за успешни преговори, но ситуацијата се влошува

Кремљ: Ова е отворена агресија против Техеран

Захарова ја откри причината за војната во Украина

(ВИДЕО) Бомбашки напад во Москва: Убиен e полицаец, двајца негови колеги се повредени

Горан Наумовски

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он