Москва нуди ваучери од 13 долари како поттик за вакцинација

Од:

Градските власти во Москва им нудат ваучери на повозрасните лица, со цел да ги поттикнат на вакцинација против коронавирусот, објавија руските медиуми.

По првата доза на вакцина, Русите над 60 години можат да добијат ваучер вреден 1.000 рубљи (околу 13 американски долари), кој можат да го искористат во одредени продавници, аптеки и кафулиња, објави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, цитиран од ДПА.

Сепак, луѓето мора да се регистрираат преку интернет за да добијат ваучер финансиран од корпоративни донации. Русија започна со масовна вакцинација во декември минатата година, но многу возрасни се скептични во врска со безбедноста на вакцината Спутник В.

Четири месеци подоцна, нешто повеќе од пет отсто од населението во Русија ги прими двете дози.

Постери со повик за лица над 60 години да се вакцинираат може да се видат низ цела Москва. Според Собјанин, вакцинирани се околу 400.000 повозрасни лица во главниот град од 12 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он