Москва: Никој не сака да ја види Турција во ЕУ

Од:

Тие не сакаат да ја видат Турција во Европската унија, а Анкара не треба да има илузии за тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Никој не сака да ја види Турција во Европа, мислам на Европејците. Нашите турски партнери веројатно не треба да гледаат на светот низ розови очила“, рече Песков.

Сепак, Песков истакна дека одлуката за Шведска и НАТО е само „еден дел од приказната“.

Коментирајќи ја соработката меѓу Русија и Турција, портпаролот на Кремљ потсети дека постојат несогласувања, но дека има и дел од односот што одговара на интересите на двете земји, како и дека Москва има намера да развива дијалог.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Трамп за Украина

Кремљ: Путин е отворен за дијалог за Украина со сите заинтересирани страни