Москва нема да му го испорача Јанукович на Киев

Од:

Москва нема да му го испорача на Киев поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, соопшти рускиот државен обвинител, Јуриј Чајка.

– Ние задолжително ќе им одговориме на барањето на нашите колеги од украинското обвинителство. Нашиот одговор ќе биде негативен затоа што во кривичното гонење гледаме политички мотиви – рече Чајка.

Тој додаде дека во согласност со руското законодавство и меѓународно-правните документи, Русија не може да испорача лица што кривично се гонат врз основа на политички мотиви.

Државниот обвинител на Украина побара од Чајка да го испорача Јанукович, кој побегна од Украина пред една година. Интерпол распиша потерница за Јанукович на 12 јануари. Тој се товари за кражба на државен имот и за злоупотреба на овластувањата.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Путин: Ние сме за прекин на огнот, но прво треба да добиеме одговори на прашањата

Горан Наумовски