Оние кои во Сирија не се поврзани со терористите и не ги поддржуваат не треба да се плашат од руските воздушни напади, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Сакам уште еднаш да повторам – руските воздухопловни-вселенски сили во Сирија вршат напади исклучиво против претставници на меѓународниот тероризам и оние кои им помагаат. Оние, кои не се терористи, не им помагаат и не ги координираат своите потези со терористичките организации, нема од што да се плашат, истакна Захарова.
Таа нагласи дека сите активности на Русија во Сирија имаат една главна цел, а тоа е помагање на политичкото решение.
– Без тоа не е можно да се обнови единството и суверенитетот на оваа земја на цела територија, да гарантира стабилност и соживот на сите етнички и конфесионални групи, додаде портапролката на руското МНР.
Захарова, исто така, истакна дека официјална Москва воочува позитивна динамика во воените контаки меѓу Русија и САД, како и дека е против прекин на „комуникацискиот канал“.