Москва: Наскоро ќе одговориме на санкциите од ЕУ

Од:

Москва наскоро ќе одговори на санкциите на ЕУ, најави денеска постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов, додавајќи дека станува збор за еднострано ограничување кое не може да донесе резултати, освен што Русија ќе преземе реципрочни мерки.

– Можам да кажам дека сега тоа повторно ќе се случи. Однесувањето на ЕУ ги води односите со Русија во ќор-сокак и колку подалеку одиме, ќе биде потешко да се излезе, истакна Чижов во интервју за телевизијата Русија-24.

ЕУ првпат воведе санкции во рамки на новиот глобален режим за „кршење на човековите права“ и тоа против четворица руски државјани поради апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, се наведува во документот објавен во Службениот весник на ЕУ.

Санкциите стапуваат во сила од денот на објавувањето.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала