Москва: Крвав биланс во Херсон, бројот на загинати по нападот порасна на 27

Од:

Бројот на жртви од нападот со беспилотни летала врз Херсонскиот регион се искачи на 27, вклучувајќи и две малолетни лица, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Според руските власти, беспилотни летала нападнале кафуле и хотел во Херсонскиот регион на брегот на Црното Море, при што биле повредени 29 лица.

Пожарот се проширил на површина од околу 500 квадратни метри.

Гувернерот на Херсонскиот регион, Владимир Салдо, објави дека 2 и 3 јануари се прогласени за денови на жалост во регионот.

Русија побара од Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права што е можно поскоро јавно да го осуди она што го нарече терористички напад на украинските сили врз Херсонскиот регион, објави постојаниот претставник на Русија во ОН во Женева, Генадиј Гатилов.

Би можело да ве интересира

Песков: Нема потврда дека ќе се одржи нова рунда преговори за Украина

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он

Путин: Ако Европа сака да војува, Русија е веднаш подготвена

Зеленски: Дури ни мојата смрт нема да ја „скрши“ Украина

Иран е подготвен привремено да ја прекине нуклеарната програма

Харт: Берлин е против територијални компромиси во Украина