Москва калкулира кој ќе биде амбасадор во САД, Захарова вели „се уште САД не дале согласност“

Од:

Руската страна се уште не добила согласност за именување на нов амбасадор во САД, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Во медиумите на крајот на ноември се појавија информации дека најверојатен кандидат за функцијата руски амбасадор во САД би можел да биде Александар Дарчиев, шеф на Северноамериканскиот оддел на руското Министерство за надворешни работи.

Засега нема официјална потврда за оваа информација.

Од руското МНР изјавија за Тас дека одамна одлучиле за кандидат за нов амбасадор во САД, без да го именуваат.

Назначувањето на руски амбасадор во САД во блиска иднина го најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходниот руски амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, се врати во Москва откако беше разрешен од функцијата врз основа на указ издаден од рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

Захарова: Зеленски ја турна Украина во позиција на целосна зависност

А1он

Захарова за Стармер: Ме потсетува на клептоман педофил кој сака да се вработи во детска градинка

А1он