Москва: Гранатиран е Мелитопол, две лица загинаа

Од:

Најмалку две лица загинаа, а десет од нив се повредени во украински ракетен напад врз градот Мелитопол во областа Запорожје, соопштија проруските власти, пренесува Ројтерс.

Владимир Рогов, член на главниот совет на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје, изјави дека е гранатирано одморалиште во тој град.

Шефот на воено-цивилната администрација на областа, Евгениј Балички, прецизираше дека одморалиштето било цел на ракетниот систем ХИМРАС.

Украинските власти потврдија дека во текот на ноќта извршиле напад врз Мелитопол на југоистокот на земјата, наведува британската агенција.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ако Европа испрати војници во Украина, тоа би можело да предизвика Трета светска војна

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Севернокорејски војник заробен во Украина сака да побегне во Јужна Кореја

Русија ослободи неколку населби околу Курахов

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Мислам дека можам да ја завршам оваа војна во Укриана