Севернокорејски војник заробен во Украина сака да побегне во Јужна Кореја

Од:

Еден од двајцата севернокорејски војници заробени во Украина изрази желба да замине во Јужна Кореја, што би бил првиот познат случај на севернокорејски затвореник кој изразил намера да пребега во соседна земја, објавија јужнокорејските медиуми.

Севернокорејски војник, идентификуван само со неговото презиме Ри, во интервју за Чосун Илбо изјави дека не знаел дека ќе биде испратен да се бори против Украина бидејќи му било кажано дека ќе биде испратен во Русија на обука како странски студент, објави денеска новинската агенција Јонхап.

Тој е еден од двајцата ранети севернокорејски војници кои беа заробени од украинските сили минатиот месец за време на борбите во областа Курск во Русија. Ри (26), кој беше тешко ранет во вилицата и раката, рече дека служел како снајперист во Северна Кореја и верувал дека се борел против јужнокорејските војници во Украина.

Тој рече дека речиси сите негови соборци од една воена единица биле убиени во напад на украински беспилотни летала и артилериски напади и дека би се разнел доколку имал граната, бидејќи заробувањето во Северна Кореја се смета за предавство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир