Москва ги проверува информациите за израелски воздушни напади врз сириски објекти

Од:

Москва ги проверува информациите дека израелските воено воздухопловни сили извршиле напади врз објекти во Сирија, изјавија денеска претставници на руското Министерство за надворешни работи.

– Информациите за израелски напад врз објекти, кои се наоѓаат во близина на Дамаск, беа примени со голема загриженост, изјави извор од Министерството, јави БТА.

– Доколку таа информација се покаже како точна, значи дека имаме работа со неиспровоцирани напади врз цели на територија на суверена држава, што е грубо нарушување на Повелбата на Обединетите нации и неговото оправдување со какви било мотиви е неприфатливо, истакна истиот извор.

Тој додаде дека Москва итно презема мерки за разјаснување на ситуацијата. Рускиот претставник повикаа за прекин на насилството во Сирија, за недозволување на надворешно мешање и за почнување на општосириски дијалог врз основа на Женевската спогодба од 30 јуни 2012 година.

Светските медиуми вчера објавија дека израелски авиони бомбардирале конвој во близина на границата меѓу Сирија и Либан, најверојатно со цел да спречат внесување на оружје, наменето за групацијата Хезболах.

Сириската државна телевизија го обвини Израел дека извршил напад врз сириски научен центар во Џамраја меѓу Дамаск и границата. Сириските бунтовници ги демантираа тие тврдења, нагласувајќи дека тие го нападнале центарот.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Закани од Кремљ: Нашето моќно оружје е подготвено

Горан Наумовски

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“