Москва ги известила државите од ОБСЕ за комплексната воена вежба

Од:

Русија ги известила државите-членки од ОБСЕ за комплексната проверка на силите на Централниот воен округ што почна вчера, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Со проверката се опфатени над 65.000 војници и околу 5.500 единици оружје и техника – до 720 тенкови, 950 борбени возила околу 600 артилериски орудија, 180 воени авиони и околу 60 хеликоптери.

Во согласност со Виенскиот документ од 2011 година во различни етапи на проверката ќе бидат ангажирани не повеќе од 38.000 војници од копнените сили и воздушно-десантските сили за рок од не повеќе од 72 часа.

Би можело да ве интересира

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина