Москва: Доколку Киев ја попречи парадата за Денот на победата, ќе започнеме масовен ракетен напад

Од:

Во случај украинската војска да се обиде да ги попречи прославите на Денот на победата во Русија на 9 мај, Москва ќе започне масовен ракетен напад врз Киев, објави денес руското Министерство за одбрана.

„Доколку украинските вооружени сили го прекршат прекинот на огнот во зоната на Специјалната воена операција или се обидат да нападнат населени места и објекти во руските региони, вооружените сили ќе обезбедат соодветен одговор“, се вели во соопштението, објави РИА Новости.

Се додава дека за време на прекинот на огнот објавен за Денот на победата, Русија нема да напаѓа локации каде што е распоредена украинската војска или објекти на воено-индустрискиот комплекс длабоко во Украина, а исто така се повикува и Украина да го стори истото.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина