Москва: Договорот од самитот во Алјаска би можел да биде основа за решавање на украинскиот конфликт

Од:

Договорите постигнати за време на самитот Русија-САД во Алјаска би можеле да бидат основа за решавање на конфликтот во Украина, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи, сумирајќи ги активностите на надворешната политика во 2025 година.

– За време на самитот Русија-САД во Анкориџ на 15 август, беа постигнати договори што би можеле да бидат основа за решавање на конфликтот околу Украина и неговите основни причини, вклучувајќи ги воените закани за Русија преку проширување на НАТО, како и политиката на кршење на правата на руското население и жителите што зборуваат руски јазик, се вели во соопштението на министерството, објавено од РИА Новости.

Министерството, исто така, потсети дека, со помош на САД, продолжи Истанбулскиот процес, во чии рамки, по три рунди директни руско-украински преговори, беа постигнати и спроведени договори за размена на воени заробеници и предавање на телата на паднатите војници.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа