Уште четворица пациенти со потврдена коронавирусна инфекција се испишани од Инфективната болница во Москва, соопштија руските здравствени власти.
При повторно извршени тестирања е потврдено дека кај нив нема присуство на вирусот. Пациентите се здрави и кај нив не се забележани симптоми на болеста.
Вкупниот број на целосно излекувани од Ковид-19 во Москва е пет лица.