Европскиот комесар за економски и финансиски прашања Пјер Московици изјави денеска дека се зголемува ризикот да се случи Брегзит без постигнат договор со ЕУ.
Тој, во исто време, ги објасни плановите на ЕУ за непредвидени ситуации во врска со царините и рече дека во случај на Брегзит без договор мора да бидат воведени царински контроли.
– Царинскиот кодекс на ЕУ би се применувал на сите артикли кои доаѓаат од Велика Британија, наведе Московици.
Според него, воведување на контрола не би значело дека ќе се прегледува секој камион, туку стоката ќе се контролира врз основа на анализа за ризик.