Мосад тврди дека Иран повеќе не е непосредна закана за Израел

Од:

Повикувајќи се на извори од Мосад, американскиот весник Њујорк Тајмс наведува дека Иран повеќе не е никаква моментална и директна закана за Израел поради епидемијата на болеста Ковид-19 затоа што Исламската Република го пренасочила вниманието кон борбата против смртоносната болест.

И покрај тврдењата во написот, канцеларијата на весникот во Бејрут соопшти дека израелското Министерство за одбрана и понатаму се фокусира на движењето на Хезболах во Либан и Сирија.

Весникот цитира добро информирани извори, кои велат дека избувнувањето на заразата со коронавирусот во Израел го натерал Мосад да се соочи со епидемијата внатре во земјата преку набавка на медицинска опрема и технологија од странство.

Во извештајот Мосад е опишан како „израелското не толку тајно оружје во борбата против коронавирусот“.

Исто така се наведува дека разузнавачката агенција, откако дошла до заклучокот дека Иран не е моментална закана, станала една од најважните институции на кои се потпира Израел во набавката на медицинска опрема и производна технологија.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници