Морскoто пиратство, киднапирањето на бродови и посади, нивно ограбување и не ретко барање на откуп за посадата минатата година се интензивираше во водите меѓу Малезија, Сингапур и Индонезија, во протокот Малуку. Низ овој морски простор минуваат една третина од бродовите вклучени во морскиот сообраќај на светско ниво, а лани од 245 пиратски напади во светот 141 вакви инциденти биле во овој дел на југоисточна Азија.
Меѓународното Биро за морски сообраќај соопшти дека во споредба со 2.013 година бројот на пиратски напади е намален за 11 случаи, а дури речиси преполовен во однос на 445 пиратски напади извршени во 2.010 година, кога посебно „активни“ беа пиратите од Сомалија.
Минатата година пиратите зазеле 21 поголем брод, од кои 14 во теснецот Малуку. Сите биле ограбени, а машините и уредите за навигација онеспособени. Пиратите лани убиле четворица морнари, а 16 биле ослободени по плаќање на откуп за нив.