Морси погребан во тајност

Од:

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кој вчера почина во текот на судењето, денеска е погребан во тајност во Каиро.

Исламистичкото движење Муслиманско братство синоќа соопшти дека смртта на Морси всушност е „убиство“ и ги повика Египѓаните масовно да присуствуваат на погребот на првиот демократски избран претседател на земјата. Движењето повика и на собирање пред амбасадите на Египет ширум светот.

Морси вчера почина од срцев удар за време на судењето за наводна шпионажа.

Ахмет, синот на Морси денеска на Фејсбук објави дека неговиот татко е веќе погребан во Каиро. На погребот присуствувале само членовите на семејството.

Египетското Министерство за внатрешни работи по смртта на Морси прогласи алармантна ситуација во земјата и ангажира дополнителен број полицајци. Исто така одобрен е и план „Ц“, кој овозможува покренување операции против терористисички структури.

Морси беше соборен од власт на 3 јули 2013 година по едногодишните масовни протести. Тој беше член на најголемата исламистичка група во Египет, Муслиманско братство, сега забранета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува