Морси почна штрајк со глад

Од:

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси кој е во затвор, почна штрајк со глад. Тоа го соопшти неговиот адвокат и лидери на Муслиманско братство.

Според нив, „поранешниот египетски претседател од вчера одбива да земе храна во затворот“. Адвокатот тврди дека Морси е убеден оти јадењето што му се дава во затворот не е безбедно за него.

Морси е дијабетичар и неколкупати барал од Судот специјален медицински преглед или да биде префрлен во болница. Морси е во затвор поради дело за шпионажа во корист на Катар, обвинет е и за објавување доверливи информации за египетската армија и нејзиниот буџет на катарската страна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува