Морисон: Нема да ме заплаши принудата на Кина

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека нема да биде заплашен од „принудата“, откако Кина ограничи дел од австралискиот извоз и ги повика кинеските туристи и студенти да ја избегнуваат Австралија.

Дипломатските односи меѓу Пекинг и Канбера се влошија откако Австралија повика на меѓународна истрага за изворот и ширењето на коронавирусот, кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан.

Лобирањето од страна на Австралија и Европската унија поттикна минатиот месец
Светската здравствена организација да поддржи независно истражување за пандемијата на коронавирус.

Кинеското Министерство за образование во вторникот соопшти дека студентите треба да размислат дали ќе студираат во Австралија.

Меѓународното образование е четврта по големина извозна индустрија во Австралија, во вредност од околу 26 милијарди долари годишно.

Кина го забрани увозот на австралиско говедско месо во последните неколку недели.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања