Моравјецки: Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори

Од:

Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори во рамки на нуклеарно-енергетската програма енергија, објави доцна синоќа полскиот премиер Матеуш Моравјецки, јави Анадолија.

Полската новинска агенција ПАП објави дека Моравјецки изјавил дека полската нуклеарна програма е поттикната од желбата да се обезбеди енергетска безбедност.

Во петокот Моравјецки на Твитер потврди дека е постигнат договор со Соединетите Американски Држави и компанијата Вестингхаус за изградба на првата нуклеарна централа.

„Нуклеарните централи ќе ни помогнат да бидеме независни од каприците на пазарот, трговците со енергија и временските услови“, рече полскиот премиер.

Тој потврди дека инвестирањето во нуклеарна енергија „не значи дека Полска нема да развива обновливи извори на енергија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците