Претседателот на Боливија Ево Моралес им се закани денеска на Шпанија, Франција, Португалија и Италија со судски процес бидејќи не дозволија авионот со кој тој патувал да премине над нивното воздушно пространство.
Моралес ја даде изјавата на аеродромот во Виена пред да се качи во претседателскиот авион и да замине кон Ла Пас.
Тој додаде дека имал чувство оти бил „киднапиран 13 часа“. Претседателот го оквалификува потегот на тие држави како „атентат не за претседателот туку за целата нација, за целиот регион на Латинска Америка“.
Моралес негираше дека официјални претставници муго проверувале авионот за евентуално присуство на американскиот бегалец Едвард Сноуден.