Моралес: САД имаат пристап до електронската пошта на боливиските службеници

Од:

Боливискиот претседател Ево Моралес ги обвини САД дека ја „хакирале“ електронската пошта на службениците на Владата на јужноамериканската земја, додавајќи дека тој самиот го „изгаснал“ својот налог на електронската пошта.

– Разузнавачките агенти на САД имаат пристап до електронската пошта на највисокото раководство на Боливија, рече Моралес.

Моралес истакна оти таа информација ја добил од колега на самитот на Организацијата на јужноамерикански заеднички пазар (МЕРКОСУР) во петокот во главниот град на Уругвај, Монтевидео.

– Тие се занимаваат со шпионажа, не следат. Тоа го прават за да ги освојат нашите природни ресурси, рече Моралес.

Претседателот на Боливија, рече дека од 2006 година, кога дошол на власт, имал и-мејл, но по совет на експертите се откажал од негово користење.

Агенциите пренесуваат дека слична изјава дал и шефот на аргентинската дипломатија Ектор Тимерман. Според него, предмет на меѓународна шпионажа станале над стотина активисти на опозицијата, Владата и Парламентот на Аргентина, во чија електронска пошта е извршен „упад“.

„Дипломатска прашина“ се крена минатата седмица, кога европските власти го пренасочија авионот на Моралес во Австрија од Москва, поради гласини дека во него се наоѓа Едвард Сноуден, поранешен соработник на ЦИА, кој ја обелодени програмата на шпионирање на САД.

Сноуден, кого САД го обвинуваат за шпионажа по изнесувањето податоци за тајните програми за надѕор на комуникациите, од 23 јуни се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром „Шерметјево“, каде долета од Хонгконг.

Моралес синоќа повторно изрази подготвеност да му даде азил на Сноуден, следејќи ги сите „дипломатски правила и меѓународни договори“.

Би можело да ве интересира

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он