Моралес прогласи победа и им ја посвети на Чавес и Кастро

Од:

Боливискиот претседател Ево Моралес прогласи денеска победа на претседателските избори и победа на владејачкото Движење за социјализам на изборите за пратеници во Парламентот, нагласувајќи дека тоа е победа на „антимперијалистите и антиколонијалистите“, која ја посветува на народите кои се борат против империјализмот и на поранешните латиноамерикански лидери Фидел Кастро и Уго Чавес.

– Ова беше дебата за двата модела, национализација и приватизација. Национализацијата победи со повеќе од 60 отсто поддршка, им кажа Моралес на приврзаниците од балконот на претседателската палата, додавајќи дека победата е „триумф на антиимперијалистите и антиколонијалистите“.

Резултатите од гласањето се уште пристигнуваат, а анкетите од избирачките места покажуваат дека 54-годишниот Моралес се приближил до 61 отсто од гласовите и ги поразил неговите четворица протвкандидати и лесно освоил трет мандат на функцијата шеф на државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он