Моралес: Опозициските лидери поттикнаа пуч против мене

Од:

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес денеска на „Твитер“ ги обвини опозициските лидери Карлос Меса и Луис Фернандо Камачо поттикнале воен удар против него.

– Противниците лажат и се обидуваат да не обвинат за хаосот и насилството што го предизвикаа, напиша Моралес на „Твитер“.

Моралес под притисок на армијата и повеќенеделните протести вчера поднесе оставка по речиси 14 години поминати на власт. Протестите почнаа по реизборот на Моралес на 20 октомври поради, како што тврдеше опозицијата, изборни нерегуларности.

Одлуката за оставката Моралес ја соопшти од провинцијата Чапаре, каде своевремено ја почна кариерата како синдикален лидер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он