Моралес нема да се кандидира за четврти претседателски мандат

Од:

Боливискиот претседател Ево Моралес ја отфрли можноста да се кандидира за четврти мандат во 2020 година, откако на претседателските избори одржани изминатиот викенд, обезбеди трета едноподруго победа.

Освојувањето на трет мандат е без преседан во боливиската политичка пракса, затоа што според Уставот на земјата, еден кандидат може да биде избран за претседател само во два едноподруго мандати.

Моралес првпат беше избран за претседател во 2005, а на претседателската функција се наоѓа од 2006 година. Домашната опозиција, како и неговите политички противници го обвинуваат за узурпирање на власта, за авторитаризам и за газење на демократијата со „самоволно доделување“ на уште еден трет мандат.

Во изјава за Би-Би-Си, Моралес рече дека во 2020 година наместо да се вклучи во трката за четврт мандат, ќе се врати на својата фарма во централна Боливија и ќе го минува времето со своите стари пријатели.

Тој вели дека нема да бара да се испита дали постои уставна можност за четврти мандат, нагласувајќи дека тоа е работа на Владата, но дека тој сепак не верува оти ќе остане претседател до 2025 година.

Доколку се најде начин да си обезбеди и четврти мандат ,тогаш овој левичарски политичар би останал на власт цели 20 години.

На изборите минатиот викенд, Моралес уште во првот круг освои 60 отсто од гласовите на Боливијците. За победа е доволно да се обезбедат половина од гласовите на оние кои излегле да гласаат.

Неговиот противкандидат, кој освои 25 отсто од гласовите, веќе е известен дека ги загубил изборите, иако Изборната комисија продолжува со броењето на галсовите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он