Моралес: Ќе се вратам

Од:

Протераниот претседател на Боливија Ево Моралес, кој е во егзил во Аргентина, изјави дека планира да се врати во Боливија до следниот Божик.

Моралес, кој замина во Аргентина по контроверзните избори во октомври, во интервју за Ројтерс рече дека му помага на неговото Движење за социјализам, за претстојните вонредни избори во Боливија, пренесува Танјуг.

Членовите на движењето ќе се соберат в недела во Буенос Ајрес за да започнат со избор на кандидати.

На прашањето дали ќе се врати во Боливија до ова време следната година, Моралес рече дека нема сомнеж за тоа.

– Од безбедносни причини, не можам да ги дадам деталите за планот за враќање во Боливија, но човек мора да се врати во својата земја. Јас ќе се вратам, истакна тој.

Тој изрази уверување дека кандидатот на неговата коалиција ќе го освои претседателскиот мандат.

Победата на Моралес на претседателските избори во октомври, на кои го освои неговиот четврти мандат, беше поништена поради неправилностите што ги забележаа меѓународните набљудувачи.

Тоа предизвика смртоносни немири кои го натераа Моралес во ноември да поднесе оставка и да ја напушти Боливија.

Тој негира дека сторил нешто незаконско и вели дека жали само затоа што не добил разузнавачки информации за она што го нарекува државен удар.

Боливискиот Парламент назначи изборен трибунал кој треба да закаже нови избори до 2 јануари.

Обвинителството, во меѓувреме, издаде налог за апсење на Моралес под обвинение за бунт, тероризам и финансирање на тероризам.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он