Претседателот на Боливија, Ево Моралес изјави дека од државата ќе ги исфли Американците од агенцијата за меѓународен развој (USAID), поради наводни обиди да ја загрозат неговата влада.
Тој не прецизираше што точно направиле од USAID, поради што одлучи да ги исфрли, но агенцијата „АБИ“ наведе дека американската агенција е обвинета за наводно политичко мешање во синдикатите на селаните и останатите социјални организации.
Претседателот на Боливија и претходно ја обвинуваше USAID дека финансира групи кои што се противат на неговата политика.
Поради слични работи во 2008 година од државата ги исфрли американскиот амбасадор и агентите од Американската управа за сузбивање на дрога.
Обраќајќи им се на собраните граѓани пред претседателската палата, по повод Меѓународниот ден на трудот Моралес го критикуваше и американскиот државен секретар Џон Кери поради изјава во која Латинска Америка ја нарече „двор“ на Вашингтон.
-На САД не им недостасуваат институции со кои ќе продолжат да подготвуваат измами и затоа го користам овој собир да соопштам дека одлучивме да ги исфрлиме USAID од Боливија-истакна тој.
Елена Георгиевска