Монах од Тибет и пишал на НАСА: Ужас на 21.12.2012

Од:

Безброј се теориите за долгоочекуваниот ден 21.12.2012. Се повеќе луѓе веруваат во крајот на светот, но, исто така, толку многу на број, се и оние кои категорично тврдат дека тоа се смешни и нереални приказни.

Лама од Тибет, познат како Оракула од Шамбала, до НАСА испратил свое предвидување за „критичниот ден“.

Според него, на илјадници луѓе ќе им биде загрозен животот на 21 декември оваа година. Тој напишал дека оние што ќе успеат да преживеат, два месеци по фаталниот ден, ќе се соочат со радикална промена на својот живот и своето мислење.

Според Ламата од Тибет, на 21.12.2012 година сите планети од Сончевиот систем ќе влезат во галактичката “нулта зона”. Нултата зона е простор во кое не може да се шират никакви енергии.Ламата тврди дека ќе настапи целосен мрак, а во темнината ќе има и експлозиите од светлина.

Колку и да звучи лошо, тибетанскиот монах тврди дека е можно на луѓето да им се причинува дека околу нив шетаат мртовци. Тој во писмото до НАСА напишал дека Земјата ќе се растресе, но тоа нема да биде јако како што сите претпоставуваат. Прв знак ќе бидат животните кои ќе почувствуваат дека се приближува апокалипсата и ќе побрзаат да се скријат.

Ламата советува на 20 декември сите луѓе да ги напуштат градовите и да се упатат кон малите населби. Луѓето, според него, ќе можат да се вратат во нормалниот начин на живот кон крајот на март.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Путин: Русија ја споделува вашата тага

(ВИДЕО) Бројот на жртвите во земјотресот на Тибет се зголеми на 95, снема струја и вода

Горан Наумовски

Екипите трагаат по преживеани под урнатините по последниот силен земјотрес во Тибет

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Тибет: Под урнатините се бараат преживеани, над 53 мртви

Горан Наумовски

Лавина во Тибет, загинаа најмалку 28 луѓе