Момент на среќа пред трагедијата – брачен пар доктори и нивните три деца

Од:

Д-р Коми Вјас, која работеше во болница во Удаипур, даде отказ од работа за да се пресели во Лондон и да му се придружи на својот сопруг, д-р Пратик Џоши, со нивните три деца.

Телефон што му припаѓаше на ова семејство од Раџастан беше пронајден во остатоците од ужасната авионска несреќа во Ахмедабад. Телефонот можеби не е во функција, но селфито од авионот ќе живее како потсетник на трагедијата што ги снајде 242-цата патници на летот на Ер Индија.

Фотографијата означуваше нов почеток за семејството – д-р Џоши и неговата сопруга, со три деца – синови близнаци и постара ќерка. Момчињата се трудат најдобро што можат да се насмевнат пред камерата, додека постарата сестра сјае.

Луѓе блиски до семејството рекоа дека овие двајца лекари работеле во болницата Пацифик во Удајпур.

Д-р Џоши се преселил во Лондон пред некое време и се вратил во Раџастан претходно оваа недела за да го земе своето семејство со себе. Близнаците Накул и Прадјут имале пет години, а нивната сестра Мираја имала осум.

„Коми неодамна дала отказ од работа за да му се придружи на својот сопруг во Лондон“, изјави портпаролот на болницата во Удајпур.

Соседите рекоа дека таткото е добро познат радиолог во градот.

„Вчера заминаа за Ахмедабад за да летаат за Лондон. Пратик дојде тука само пред два дена за да ги земе сопругата и децата со себе. Неколку други членови на двете семејства отидоа да ги испратат“, изјави нивен роднина за NDTV.

Ер Индија 171, лет за Лондон што ги носеше лекарскиот пар и нивните деца, полета од аеродромот Ахмедабад во четврток и беше во воздух само 32 секунди пред да започне со спуштањето.

Експлодираше во 13:38 часот по локално време. Во него имало 242 лица – 230 патници, 10 членови на екипажот и двајца пилоти.

Би можело да ве интересира

Постојат 354 активни модели како Боингот што се урна во Индија

А1он

(ВИДЕО) Објавена нова снимка од падот на Боингот во Индија

А1он

(ВИДЕО) Ja преживеа авионската несреќа во Индија: Тела беа насекаде околу мене

А1он

Голем број студенти по медицина загинаа во авионската несреќа во Индија – авионот се сруши врз медицински колеџ

А1он

(ВИДЕО) Mожна причина за падот на авионот во Индија – делови од крилата се во погрешна положба при полетувањето

А1он

ВИДЕО: Се запали Боинг во Денвер, патниците бегаа преку крилото

Катерина Ѓуровски