Денеска во светот се одбележува денот Pi во чест на бројот 3.14.
Но денеска е посебен ден кој се повторува еднаш во 100 години. Имено следните две децимали од бројот се 1 и 5 односно 3.1415, датум кој во американски формат е токму денешниот 3/14/15.
Наредните бројки кои следат од бројот се 92653… или во форма на час би дошло 9:26:53 токму овој сегашен момент.
Следниот пат ова ќе се повтори на 14 март 2115 година, која повеќето нема да ја дочекаме живи.