Момче загина во пожар во Англија, уапсени се 14 деца

Од:

Четиринаесет деца на возраст меѓу 11 и 14 години се уапсени откако едно момче почина во пожар во индустриска зона во градот Гејтсхед во североисточна Англија.

Полицијата соопшти дека група од 11 момчиња и три девојчиња се уапсени под сомнение за убиство од небрежност по инцидентот што се случи во петокот. Сите моментално се во полициски притвор, објави „Скај њуз“.

Полицијата беше повикана по пријави за пожар во близина на Индустрискиот парк Ферфилд. Службите за итни случаи веднаш реагирале на местото на настанот, а пожарот бил изгаснат набргу по пристигнувањето.

Потоа полицијата објави потрага по исчезнатото момче Лејтон Кар, за кое се верува дека бил во областа во времето на пожарот.

Во соопштението, полицијата изјави: „За жал, за време на претресот, во зградата беше пронајдено тело за кое се верува дека е на 14-годишниот Лејтон Кар“.

Главниот инспектор Луиз Џенкинс од полицијата во Нортумбрија изјави: „Ова е исклучително трагичен случај во кој едно момче за жал го загуби животот“.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице