Молдавскиот парламент не изгласа проевропска влада

Од:

Парламентот на Молдавија денеска не изгласа проевропска малцинска влада на коалицијата меѓу Либерално-демократска и Демократската партија, продлабочувајќи ја состојбата на политичка нестабилност во земјата.

За коалициската влада гласаа 42 пратеници, што е за девет помалку од потребното мнозинство. Владата, иако очекуваше, на крајот сепак не успеа да ги обезбеди гласовите на Комунистичката партија.

Вршителот на должноста премиер на Молдавија Јуриј Љанка ги критикуваше пратениците, нагласувајќи дека гласањето го отвора прашањето за функционалноста на политичкиот и трговски договор потпишан меѓу Молдавија и ЕУ во јуни.

Парламентот треба да се изјасни за нова влада во рок од 45 дена.

Проевропската коалиција на Либерално-демократска и Демократската партија очекуваше да формира мнозинска коалиција со трета партија по изборите на 30 ноември. Сепак, разговорите пропаднаа бидејќи Либералната партија бараше државниот обвинител, надлежен за истрага на корупцијата, да биде странски државјанин.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он