Молдавија се ослободува од зависноста од рускиот гас

Од:

Молдавија постигна краткорочен енергетски договор кој ќе и помогне да се ослободи од зависноста од рускиот природен гас, соопшти вицепремиерот Андреј Спину.

Таа поранешна советска република традиционално беше во голема мера зависна од рускиот гас, пренесува Независне новине.

Спину рече дека државната гасна компанија Молдовагаз овој месец ќе купи 100 милиони кубни метри гас од домашниот снабдувач Енергоком.

Тој на својот канал на Телеграм напиша дека Молдавија првпат нема да го користи гасот што го купила од Русија. „Од минатата година ветивме дека ќе направиме резерви и ќе најдеме алтернатива за да престанеме да бидеме зависни од еден извор. И успеав да го направам тоа“, напиша Спину.

Купениот гас од рускиот државен гигант Газпром во моментов се испраќа во Придњестровје во замена за електрична енергија.

Енергоком складира гас во објекти во Украина и Романија. Не се знае од кого Енергоком купува гас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни