Молдавија подготвена да ги обнови преговорите за надминување на придњестровскиот конфликт

Од:

Молдавија е подготвена да ги обнови преговорите за надминување на придњестровскиот конфликт во формат „5 + 2“ (Молдавија и Придњестровјето како земји, Русија, Украина и ОБСЕ како посредници, ЕУ и САД како набљудувачи).

Ова денеска го изјави молдавискиот вицепремиер за реинтеграција Георге Балан, по разговарот во Кишењев со специјалниот претставник на ОБСЕ за придњестровјето, Корд Мајер-Клодт, пренесе ТАСС.
-Молдавија е подготвена во најкратки рокови да почне преговори во проширен формат. Сега ги преземаме неопходните мерки за подобрување на односите меѓу двата брега на Дњестар. Во процесот учествуваат сите државни институции на земјата, забележа Балан, кој е политички претставник на Кишењв во преговорите. 

Претставникот на ОБСЕ соопшти дека денеска планира да ја разгледа можноста за ваква средба со министерот за надворешни работи на непризнатата Придњестровска молдовска република Виталиј Игнатиев, а потоа ќе отпатува во Москва и Киев, за да дискутира со посредниците односно подготвеноста на Кишењев и на Тираспол за преговори.

-Не сакаме преговори заради преговори. Средбите во проширен формат ќе бидат обновени, доколку сфатиме дека земјите навистина се подготвени за дијалог, доколку бидат подготвени конкретни решенија, рече Мајер-Клодт.

Според него, средбата во формат „5 + 2“ може да се спроведе уште во текот на јуни. Ваквите преговори не се водени уште од 2014 година, кога Тираспол ги обвини молдависките власти дека вршат притисок, посочува ТАСС и напомена дека годинешниот обид за обновување на дијалогот од страна на Германија, како претставник на ОБСЕ, заврши со неуспех.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он