Молдавија ќе добие 150 милиони евра макрофинансиска помош од ЕУ

Од:

ЕУ денеска одлучи да и додели 150 милиони евра макрофинансиска помош на Молдавија за зајакнување на државата во сегашниот геополитички контекст, јави дописничката на МИА од Брисел.

Молдавија е исто така под закана од Русија поради сепаратистичката област Транснистрија и прима бројни бегалци од Украина. Во оваа ситуација, земјите членки на ЕУ одлучија да и доделат 150 милиони евра макрофинансиска помош на оваа држава во облик на заеми и грантови.

Овие средства имаат за цел да го зајакнат капацитет на Молдавија да се справи со геополитичките предизвици и да ги покрие финансиските потреби идентификувани од страна на Меѓународниот Монетарен Фонд, како и да ја поддржи земјата во нејзината реформска агенда.

Помошта усвоена денеска го покрива периодот 2022-2024.

Исплаќањето ќе се прави во три транши од 2022 до 2024. Од целокупната сума, 120 милиони ќе бидат заеми на среден и долг рок, а 30 милиони грантови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молдавија се повлече од Евровизија само неколку дена по аудицијата на националното натпреварување

А1он

Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски