Претседателката на Молдавија, Маја Санду потпиша декрет со што четврти април е прогласен за ден на жалост за жртвите од руската инвазија врз Украина што почна на 24 февруари.
Според указот, државното знаме на Молдавија ќе биде на половина копје во сите населени места во земјата, како и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата во странство. Во 12 часот со едноминутно молчење ќе биде оддадено почит на жртвите од војната во Украина.
Се препорачува јавните власти, претпријатијата и организациите, да одбијат да одржуваат масовни забавни настани, а медиумите – да ги земат предвид спецификите на денот кога објавуваат периодични изданија и составуваат програми за тој ден.
Извор: МИА