Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Од:

Русија е подготвена да продолжи со испораките на алуминиум за САД доколку се донесе одлука тој пазар да се отвори за руските производители, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој нагласи дека во тој случај Русија би можела да продаде околу два милиони тони на САД, пренесе РИА Новости.

„Тоа не би имало значително влијание врз формирањето на цените, но, според мене, сепак би имало ограничувачки ефект врз стабилизацијата на цените“, рече Путин.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „во сериозни разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната“ во Украина.

Првите руско-американски разговори на високо ниво по многу години се одржаа на 18 февруари во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: САД се одговорни за нападот врз училиште во Иран

Американски разузнавачи: Русија индиректно се приклучи на војната, помагајќи му на Иран во нападите врз американските трупи

Масовен напад од ирански беспилотни летала врз американската база во Кувајт

Со евтини дронови Иран ги осиромашува американските ракетни резерви

САД: Мора да почекаме и да видиме кој ќе го наследи ајатолахот Хамнеи

Горан Наумовски

Хејдари: Не ни е грижа колку долго ќе трае војната

Горан Наумовски