Кандидатот на Муслиманското братство Мохамед Мурси е прогласен за победникот на претседателските избори во Египет.
Претседателот на Државната изборна комисија, Фарук Султан, објави дека Мурси освоил 51 отсто од гласовите во вториот круг на гласањето кое заврши минатиот викенд. Неговиот против кандидат, поранешниот генерал Ахмед Шафик, освоил 48 отсто.
На победата на Мурси се гледа и како на обид да се исбалансираат односите помеѓу генералите и братството кои во изминатиот период беа причина за зголемувањето на насилството во оваа земја.