Кандидатот на владејачката партија на Нигер, Мохамед Базум, победи на претседателските избори во земјата, соопшти денеска изборната комисија.
Базум освои 55,75 проценти од гласовите, со што го победи ривалот, поранешниот претседател Махаман Усман.
Граѓаните на Нигер избраа претседател во вториот круг од изборите што се одржа во неделата.