Могерини со големи очекувања од донаторската конференција за Сирија

Од:

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини изјави денеска дека Брисел очекува „значителни ветувања“ за донации на Сирија.

Зборувајќи пред почетокот на донаторската конференција, Могерини истакна дека „Сиријците не смеат да бидат заборавени, во моментот кога се чини дека на меѓународната заедница малку помалку и е грижа за неа“.

Околу 55 земји и 80 делегации се очекуваат денеска да присуствуваат на донаторската конференција во Брисел.

Во извештајот на Обединетите нации се наведува дека се неопходни 3,3 милијарди долари за да се одговори на потребите на земјата, плус дополнителни 5,5 милијарди долари за поддршка на земјите како што се Јордан, Либан и Турција, каде има големн број сириски бегалци.

Околу 11,7 милиони Сиријци и натаму зависат од меѓународна помош, додека шест милиони побегнаа од земјата, која е веќе осум години во војна.

Европската унија вети 2,01 милијарда евра (2,27 милијарди долари) од буџетот за 2019 година, со што ќе се покрие голем дел од средствата, со оглед на тоа дека цел на Конференцијата е да собере најмалку шест милијарда долари. Средствата од ЕУ не ги вклучуваат донациите од земјите поединечно, но во неа се пресметани 1,5 милијарди евра кои претходно беа наменети за сириските бегалци во Турција.

Германија вети донација од 1,44 милијарди евра, но тие средства се однесуваат на тригодишен период, односно треба да бидат исплатени до 2021 година.

Во Сирија, каде што во тек е граѓанска војна веќе осум години, а стотици илјади луѓе се убиени, итно е потребна помош за 11,7 милиони луѓе, вклучувајќи и голем број деца.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп