Могерини не одговори дали ќе биде дел од идната Европска Комисија

Од:

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, не ги коментира политичките промени во нејзината земја, Италија.

Со најавата за формирање на нова владина коалиција во Италија помеѓу Движењето пет ѕвезди и Демократската партија, на која и припаѓа Федерика Могерини, се поставува прашањето дали таа би можела да добие повторно функција во идниот состав на европските институции, најверојатно Европската Комисија.

Италија е единствената земја која сѐ уште не назначила европски комесар, токму поради политичката криза, и сѐ почести се гласините во Брисел дека Могерини би можела да ја добие номинацијата.

Шефицата на европската дипломатија, која овие два дена претседава со неформалниот Совет за министри за надворешни работи во Хелсинки, денеска се воздржа од секаков коментар.

-Знаете дека никогаш не коментирам внатрешна политика на земјите членки на ЕУ, вклучително и на мојата земја, јас не застапувам партија, туку сум висока претставничка за надворешна политика на ЕУ, и нема да направам исклучок овој пат, но можам да кажам дека ова е навистина важен момент за италијанската политика, одговори Могерини на новинарско прашање дали очекува да биде назначена за еврокомесарка од новата италијанска влада.

Во 2014-та, Могерини беше избор на тогашната влада составена од Демократската партија на Италија, која во меѓувреме изгуби избори во корист на екстремната десница на Матео Салвини и Движењето пет ѕвезди.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера