Могерини на Меѓународниот ден против хомофобијата: Истополовите односи се уште се кривично дело во 70 земји

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, денеска по повод Меѓународниот ден на борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, во имети на ЕУ порача дека борбата за остварување на целосните права на овие лица се уште се води и дека во 70 земји на светот, истополовите односи се уште се кривично дело, за што некаде следува и смртна казна.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, во пораката по повод Меѓународнио ден, Могерини истакна дека „заедно со милиони луѓе од целиот свет, ЕУ го прославува овој ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата и ги потсетува владите на нивната обврска за промовирање на универзалноста на човековите права и да обезбедат сите луѓе, без разлика на нивниот родов идентитет или сексуалната ориентација, да ги уживаат овие права без дискриминација“.

Според цисоката претставничка на Унијата, во последниве години е направен значителен напредок во целиот свет за унапредувањето и остварувањето на човековите права на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродните лица и интерсексуалците (ЛГБТИ).

Неколку земји, според Могерини ја декриминализира хомосексуалноста, а други донесоа нови закони за заштита на поединците врз основа на нивната сексуална ориентација и родов идентитет.

Таа истакна дека ниту една од овие промени немаше да се случи без посветеноста на, како што рече, „храбрите активисти кои работат за унапредување на еднаквите права на ЛГБТИ-лицата“.

– Сепак, големи пречки остануваат во многу места низ светот. Дискриминацијата и насилството врз ЛГБТИ-лицата се уште е широко распространета. Ангажирањето во истополови односи се смета за кривично дело во повеќе од 70 земји, па дури и може да доведе до смртна казна во некои од нив. ЕУ најсилно ја осудува дискриминацијата и насилството врз ЛГБТИ-лицата. ЕУ финансира проекти низ целиот свет со цел подобрување на видливоста и прифаќање на ЛГБТИ-организациите, подобрување на нивниот дијалог со властите за промена на законите, борба против хомофобијата и заштита на ЛГБТИ-лицата од насилство. Поддршка, исто така, им се дава и преку обука, информации и правна поддршка за ЛГБТИ-лицата и организациите на граѓанското општество, истакна Могерини.

Високата претставничка на Европската унија, исто така потсети дека во јуни минатата година, Советот на Унијата првпат усвои заклучоци за ЛГБТИ еднаквост и порача дека ЕУ ќе продолжи да работи со сите партнери за унапредување на човековите права на сите луѓе, без оглед на нивната сексуална ориентација и родов идентитет.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он