Могерини: ЕУ го губи угледот поради односот кон бегалската криза

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени денеска дека односот на ЕУ кон бегалската криза е штетен за нејзиниот углед, предупредувајќи дека тоа би можело да доведе до губење на влијанието, но и меѓународниот кредибилитет на Унијата.

– Мораме да бидеме кредибилни и во рамки на своите граници да го правиме она што го бараме надвор од нашите граници. Ние се обидуваме во другите делови од светот да ги промовираме нашите вредности. Но тоа не функционира доколку не можеме тоа да го направиме дома, да покажеме почитување кон малцинствата, почнувајќи од муслиманите, истакна Могерини.

Според неа, дејствувањето на ЕУ по прашањето за бегалската криза веќе е штетно за надворешната политика, а внатрешните поделби се чувствуваат ширум светот.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина