Могерини без коментар за критиките на Матео Ренци

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини одби да одговори на критиките што и ги упати поранешниот италијански премиер Матео Ренци.

Во неговата книга „Друг начин“, Ренци оценува дека неговата сопартијка, која тој ја поддржа за функцијата шефица на европската дипломатија кога сѐ уште беше премиер на Италија, немала речиси „никакво влијание“ врз сите најважни одлуки од надворешната политика.

– Не коментирам вакви коментари, без разлика од кого доаѓаат, изјави попладнево Могерини.

Таа порача дека не сака да зборува за тоа дали успешно ја завршила својата задача до 1 ноември, кога истекува нејзиниот мандат на чело на дипломатската служба на ЕУ.

– Ќе имам време да размислувам за моето наследство и за наследството на другите, но тоа нема да го сторам пред 1 ноември. Само се обидувам да работам најдобро што можам во комплицирана средина, како што знаете, одговори кусо Могерини.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер