Најмалку девет лица загинаа, а 13 се повредени, при напад на Министерството за внатрешни работи на Сомалија.
Одговорот за нападот го презеде екстремистичката група Ал Шабаб.
Нападот бил извршен со автомобил-бомба, што бил активиран пред вратата на Министерството.
Потоа, уште тројца напаѓачи успеале да влезат во зградата на МВР во Сомалија и започнале престрелка со полицијата што траела два часа. Тројцата напаѓачи се убиени.