Модниот дизајнер Виторио Мисони е меѓу исчезнатите во Венецуела

Од:

Мал авион со два мотора, во кој се наоѓал и директорот на италијанската модна куќа „Мисони“ Виторио Мисони, исчезна вчера во близина на венецуелските острови Лос Рокес.

Мисони, неговата сопруга и уште четири лица се наоѓале во авионот. Меѓу исчезнатите се уште двајца Италијанци и двајца членови на екипажот, државјани на Венецуела.

Мисони (58) е син на основачот на брендот „Мисони“ и косопственик на фирмата заедно со неговите браќа и сестри.

Тој се враќал од божиќниот и новогодишниот одмор, кој ги поминал со сопругата Мауриција Кастиљони и со двајцата пријатели Елдо Скалвенци и Гвидо Форести.

Семејството на Мисони денеска потврди дека авионот исчезнал. Веднаш е започната потрага по исчезнатиот авион.

Авионот полетал од аеродромот во туристичкото место Лос Рокес и требал да слета на меѓународниот аеродром во Каракас.

Архипелагот Лос Рокес, кој го сочинуваат неколку десетина острови на околу 150 километри од брегот на Венецуела, е еден од најпопуларните туристички дестинации.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он