Компанијата „Модерна“ ја откажа испораката на вакцини против коронавирус во Полска закажана за утре, изјави денеска советникот на полскиот премиер Михаш Дворчик, додавајќи дека испораката може да пристигне најрано за време на викендот.
– За жал, утрешната достава на вакцините на „Модерна“ е откажана. Ќе го смениме распоредот за вакцинирање доколку е потребно, рече Дворчик на прес-конференција.
Полска доби вакцини против коронавирус како дел од шемата за набавки на Европската унија.
Според локалните медиуми, нарачани се вакцини и надвор од договорот со ЕУ.
Полска досега вакцинираше над 700.000 лица, претежно медицински работници и стари лица.
Варшава планира да вакцинира три милиони луѓе во првиот квартал на 2021 година.