Американската компанија „Модерна“ денеска соопшти дека го зголемува глобалното производство на вакцини против Ковид-19 во обид да произведе до три милијарди дози во 2022 година.
Компанијата предвидува дека годинава ќе испорача меѓу 800 и милијарда дози од својата вакцина.
Нагласи дека гледа напред, бидејќи на голем дел од светот следната година и понатаму ќе му треба првата рунда вакцини против Ковид-19, а исто така се подготвува за можноста на луѓето да им биде потребна дополнителна доза вакцина.
Вакцините на Модерна се одобрени за употреба кај возрасни во САД, Европската унија и многу други земји.
Компанијата наскоро очекува податоци од американско истражување за примена на нејзината вакцина со две дози на адолесценти на возраст од 12 до 17 години и почна со тестирање на помлади деца.
Во исто време се спроведуваат студии на дози на малку модифицирани вакцини со цел подобра борба против загрижувачките мутирани верзии на коронавирусот.